ЕДНА ГОДИНА СЕ ЗАТВОРЕНИ ШКОЛИТЕ ЗА 168 МИЛИОНИ УЧЕНИЦИ, ПРЕДУПРЕДИ УНИЦЕФ

    ЕДНА ГОДИНА СЕ ЗАТВОРЕНИ ШКОЛИТЕ ЗА 168 МИЛИОНИ УЧЕНИЦИ, ПРЕДУПРЕДИ УНИЦЕФУНИЦЕФ на симболичен начин со празна училница предупреди на катастрофалното образование. (Фото: УНИЦЕФ)

    Училиштата за повеќе 168 милиони деца се затворени речиси цела година поради пандемијата на ковид-19, објави УНИЦЕФ.

    Школите во 14 земји во светот се затворени од март 2020 до февруари 2021. Од нив, две третини се во Латинска Америка и на Карибит, каде има речиси 98 милиони ученици.

    „Како што поминува годишнината од ковид пандемијата, се потсетуваме на катастрофата во образованието што ја предизвикаа рестриктивните мерки и карантините. Со секој поминат ден, децата се оневозможени да имаат настава со физичко присуство, а најмаргинализираните ја плаќаат највисоката цена“, вели извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

    УНИЦЕФ предупредува дека затворените училишта имаат катастрофални последици, при што најранливите деца се принудени или да стапат во детски брак или да работат.

    Според нивните податоци, над 888 милиони деца во цел свет продолжуваат да се соочуваат со проблеми во следење на наставата, поради целосни или делумни затворања на школите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира