ЕКСПЛОЗИИ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ, НАЈМАЛКУ 11 ЖРТВИ

    ЕКСПЛОЗИИ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ, НАЈМАЛКУ 11 ЖРТВИНа аеродромот во Кабул се илјадници Авганстанци и странци кои бегаат од талибанците. (Фото: АП)

    Експлозии одекнаа пред аеродромот во Кабул, каде што илјадници луѓе се насобрани во обид да избегаат од талибанците кои ја презедоа власта во Авганистан. Талибанските власти соопштија дека има најмалку 11 жртви, меѓу кои и жени и деца, како и 2 ранети талибански стражари, но нема друга потврда.

    Според неофицијални извори и очевидци, нападот бил во канал преполн со луѓе  каде се проверуваат визите на авганистанските цивили, меѓу кои и жени и деца, а бомбаш самоубиец се разнел среде толпата. Најмалку уште еден напаѓач почнал да пука.

    Пентагон ја потврди едната експозија, но засега нема информации за евентуални жртви, додека турското Министертво за одбрана рече дека имало 2 експлозии.

    Западните држави предупредија за можен терористички напад на аеродромот, додека се ближи 31 август, крајниoт рок за масовната евакуација со авиони.

    Неколку зeмји денеска предупредија да не се оди на аеродромот, а Британија предупреди дека има закана за самоубиствен напад, но малкумина послушаа.

    Изминатава недела, на аеродромот во Кабул се случуваа најстрашните слки од хаотичниот крај на најдолгата војна на САД и преземањето на власта на талибанците, додека авионите еден по друг ги евакуираат оние кои sе плашат од бруталниот талибански режим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира