ЕКСТРЕМНИ ЖЕШТИНИ ЈА ПОГОДИЈА ЕВРОПА – ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПРЕ ГОЛ МОТОЦИКЛИСТ

    ЕКСТРЕМНИ ЖЕШТИНИ ЈА ПОГОДИЈА ЕВРОПА – ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПРЕ ГОЛ МОТОЦИКЛИСТПолицијата на Бранденбург останала без зборови откако запрела мотоциклист кој имал само кацига на себе (Фото: Твитер)

    Европските градови преземаат вонредни мерки за да го намалат влијанието на рекордно високите температури за јуни, кои ќе продолжат да растат низ континентот. Властите предупредуват дека температурите би можеле да стигнат и до 45 Целзиусови степени в сабота, откако бран на жежок воздух пристигна во Европа од Сахара.

    Во Германија, кадешто беа измерени рекордни 38,6 степени во градот Кошен, е воведено ограничување на брзината на автопатот Саксонија-Анхалт, откако жештината почнала да го топи асфалтот, а во близина на Рошток имало искривување на шини.

    Полицијата на Бранденбург објави на Твитер дека останала без зборови откако запрела мотоциклист кој возел сосем гол.

    Во некои делови на Франција училиштата се затворени, бидејќи утре се очекува надминување на досега измерениот рекорд од 44,1 степен. Париз, Лион, Стразбур и Марсеј забранија влез на постари автомобили во центарот на градот со цел да се намали аерозагадувањето.

    Италија и некои провинции во Шпанија, исто така, очекуваат температури над 40 степени.

    Министерството за внатрешни работи на Полска објави дека 90 луѓе се удавиле обидувајќи се да се разладат во реките, додека во Литванија има 27 вакви случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира