КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ СЕ ВАКЦИНИРАА ПРОТИВ КОВИД-19

    КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ СЕ ВАКЦИНИРАА ПРОТИВ КОВИД-19Елизабета и Филип поради возраста спаѓаат во приоритетната листа за вакцинирање (Фото: АП)

    Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип примија вакцина против ковид-19, објави Бакингамската палата.

    Извор од кралското семејство кажа дека вакцинирањето било спроведено денеска во замокот Виндзор и кралицата одобрила веста да излезе во јавност за да нема шпекулации. Деведесет и четиригодишната кралица и 99-годишниот Филип се меѓу 1,5 милиони Британци кои досега примиле вакцина против ковид-19.

    Лицата над 80 години се меѓу првите во редот за вакцинирање во Велика Британија.

    Кралската двојка го поминува карантинот во Англија во нејзиниот дом, замокот Виндзор и го избегна традиционалниот семеен собир за Божиќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира