ЕРДОГАН БАРА БИЗНИСМЕНИТЕ ДА ГИ КОДОШАТ ЃУЛЕНИСТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Истанбул,(разниизвори)

    ЕРДОГАН БАРА БИЗНИСМЕНИТЕ ДА ГИ КОДОШАТ ЃУЛЕНИСТИТЕ

    Турскиот претседател повика група бизнисмени да ги информираат властите за поединци за кои сметаат дека се приврзаници на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен кој живее во САД и кој се товари дека стои зад неуспешниот обид за пуч од 15 јули.
    Обраќајќи им се на групата турски извозници, Реџеп Тајип Ердоган исто така вети дека ќе продолжи со масовното владино задушување на осомничени членови на движењето на Ѓулен.
    Ѓулен повеќепати негираше дека е вмешан на каков било начин во обидот за пуч.
    Ердоган рече дека е “патриотска должност да се разоткриваат” симпатизерите на Ѓулен, дури и ако се тоа блиски пријатели и роднини.
    Турција формално уапси 16.000 луѓе по обвинение за поврзаност со пучот.
    Десетици илјади луѓе за кои постои сомневање дека се поврзани со Ѓулен беа суспендирани или отпуштени од нивните работни места во судството, медиумите, образованието, здравството, војската и локалната самоуправа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари