ЕРДОГАН НЕ ГИ САКА ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТО ЗАШТО СЕ „МРЕСТИЛИШТЕ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ“

    ЕРДОГАН НЕ ГИ САКА ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТО ЗАШТО СЕ „МРЕСТИЛИШТЕ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ“Ердоган им замерува на двете земји што ги поддржуваат курдските милитанти (Фото: АП)

    Турција го повтори својот став дека се противи на приемот на Финска и Шведска во НАТО откако двете земји потврдија дека ќе аплицираат за членство. Без поддршката од сите членки, Финска и Шведска не можат да ѝ се придружат на западната воена алијанса.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им порача на двете скандинавски земји да не испраќаат џабе своја делегација во Турција во обид да ја премислат. Тој им замерува што ги поддржуваат курдските милитанти.

    Владимир Путин, пак, кажа дека влегувањето на Финска и Шведска во НАТО не претставува директна закана за Русија, но предупреди дека Москва ќе одговори на секое проширување на воената инфраструктура.

    Ердоган ги опиша Шведска и Финска како мрестилиште за терористички организации.

    „Ниедна од овие две земји нема јасен, отворен став кон терористички организации. Како можеме да им веруваме?“, кажа Ердоган.

    Тој ги обвини Финска и Шведска дека им даваат засолниште на членовите на Курдската работничка партија и на приврзаниците на Фетулах Ѓулен, кои Турција ги смета за терористи. Турската влада исто така вети дека ќе ја блокира апликацијата на Финска и Шведска зашто во 2019 ѝ имаат воведено санкции на Турција поради нејзината воена авантура во Сирија.

    „Изненадени сме од ставот на Турција, но не сме заинтересирани да се пазариме со Ердоган“, изјави финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира