ЕТИОПСКИОТ ПРЕМИЕР АХМЕД ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР ЗА КОЈА БЕА НОМИНИРАНИ И ЗАЕВ И ЦИПРАС

    ЕТИОПСКИОТ ПРЕМИЕР АХМЕД ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР ЗА КОЈА БЕА НОМИНИРАНИ И ЗАЕВ И ЦИПРАСАбиј Ахмед е најзаслужен за воспоставување мир помеѓу Етиопија и Еритреја по цели две децении (Фото: Гети)

    Премиерот на Етиопија Абиј Ахмед ја доби годинашната Нобелова награда за мир, за која беа номинирани и Зоран Заев и Алексис Ципрас.

    Како што појасни Нобеловиот комитет, 43-годишниот Ахмед, кој лани дојде на премиерската функција, ја добива наградата за напорите да се воспостават мир и меѓународна соработка помеѓу Етиопија и Еритреја, со што беше ставен крај на долгогодишниот граничен конфликт.

    „Кога лани во април дојде на премиерската фунцкија, Ахмед јасно изрази желба дека сака да ги продолжи мировните разговори со Еритреја. Важен чекор беше неговата волја да ја прифати арбитражната одлука на меѓународната гранична комисија од 2002 година“, соопшти Нобеловиот комитет.

    Мировниот договор беше потшишан лани, по речиси 20-годишен ќорсокак, што уследи по граничната војна која траеше од 1998 до 2000.

    Оваа година имаше 301 кандидат за Нобелова награда за мир, вклучувајќи ги и Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои беа номинирани за потпишувањето на Преспанскиот договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира