ЕУ ГО БЛОКИРАШЕ ИЗВОЗОТ НА 250.000 ВАКЦИНИ НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ОД ИТАЛИЈА ВО АВСТРАЛИЈА

    ЕУ ГО БЛОКИРАШЕ ИЗВОЗОТ НА 250.000 ВАКЦИНИ НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ОД ИТАЛИЈА ВО АВСТРАЛИЈАЕУ влезе во спор со „АстраЗенека“ откако таа кажа дека нема да го испорача договореното количество вакцини (Фото: Шатерсток)

    Европската Унија за првпат ја искористи својата забрана за извоз на вакцини, откако Италија ја блокираше испораката на 250.000 дози на „АстраЗенека“ во Австралија.

    Блокот почна да го следи извозот на вакцини во јануари по спорот со британско-шведската компанија околу тоа дали таа ги исполнува своите договорни обврски. Овој механизам им дозволува на националните влади, во договор со Брисел, да блокираат извоз надвор од ЕУ.

    За разлика од „Фајзер“ и „Модерна“, „АстраЗенека“ и натаму го нема испорачано договореното количество вакцини во ЕУ. Место предвидените 80 милиони дози, таа најави дека во првото тримесечје ќе испорача двојно помалку, поради што во ЕУ имаше сомнежи дека таа ги продава вакцините на други земји.

    Членките на ЕУ во меѓувреме го менуваат својот став за вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“, па денеска и Германија ја одобри нејзината употреба за лицата над 65 години.

    „Ова е добра вест за сите стари лица кои чекаат да бидат вакцинирани“, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

    Германскиот комитет за вакцинирање соопшти дека ќе ја препорача оваа вакцина за сите возрасни групи. Претходно, и Франција и Шведска донесоа ваква одлука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира