ЕУ ЌЕ КУПУВА ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА

    ЕУ ЌЕ КУПУВА ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНАСо отворени раце ќе ги пречекаме оние кои бегаат од бомбите на Путин, кажа Фон дер Лајен на денешната прес-конференција. (Фото: Твитер)

    Ја засилуваме поддршката за Украина и за првпат во својата историја, Европската унија ќе купува оружје за земја која е нападната, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    За купувањето оружје за Украина, Високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жосеп Борел кажа: „Уште едно табу падна, Табуто дека ЕУ не снабдува со оружје во војна“.

    Фон дер Лајен, исто така, рече дека воздушниот простор на ЕУ ќе биде затворен за руски авиони, нагласувајќи дека тоа ќе важи за приватните авиони на олигарсите.

    Дополнително, Фон дер Лајен соопшти дека ЕУ ќе преземени мерки да ја запре „медиумската машина на Кремљ“, забранувајќи ги „Раша Тудеј“ и „Спутник“.

    „Развиваме алатки да ја забраниме нивната отровна и штетна дезинформација во Европа“, кажа таа.

    Во порака до стотиците илјади бегалци од Украина, таа рече дека ќе бидат пречекани со „отворени раце“

    Денеска е четврти ден од руската инвазија на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира