ЕУ ПОДЕЛЕНА ЗА ПРЕКИН НА УВОЗОТ НА ГАС И НАФТА ОД РУСИЈА

    ЕУ ПОДЕЛЕНА ЗА ПРЕКИН НА УВОЗОТ НА ГАС И НАФТА ОД РУСИЈАМинатата недела Русија соопшти дека повеќе нема да испорачува гас на Полска и Бугарија, откако тие одбија да платат во рубли. (Фото: ЕПА)

    Унгарија останува против воведувањето ембарго на ЕУ за нафта и гас увезени од Русија, изјави владиниот портпарол Золтан Ковач.

    „Унгарскиот став во однос на какво било ембарго за нафта и гас не е променет: ние не ги поддржуваме“, вели тој.

    Комисијата на ЕУ ја разгледува можноста за целосно ембарго на двете руски фосилни горива како дел од шестиот круг санкции против Москва. Министрите за енергетика на ЕУ се надеваат дека ќе постигнат единствен став за рускиот гас и нафта преку серија итни разговори оваа недела.

    Сепак, германскиот министер за економија Роберт Хабек признава дека нема едногласно мислење меѓу 27-те земји на блокот за прекин на снабдувањето со руски енергенси. За потенцијалното ембарго на нафта, тој вели: „Другите земји сè уште не се таму, и мислам дека тоа треба да се почитува. Во случајот со гасот, на пример, ниту ние не би биле подготвени“.

    Москва продолжува да кажува дека странските купувачи на гас мора да платат во руската приватна банка „Газпромбанк“, која би ги претворила сите долари или евра во рубли. Европската комисија сугерира дека европските земји кои се усогласени со банкарското барање на Москва може да ги прекршат санкциите на ЕУ.

    Минатата недела Русија соопшти дека повеќе нема да испорачува гас на Полска и Бугарија, откако земјите одбија да платат во рубли. ЕУ соопшти дека го смета овој потег за форма на уцена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира