ЕУ ТРЕБА ДА ИЗМИСЛИ НЕКОЛКУ ФОРМАТИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ДА ГИ ПРИМИ ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ, МОЛДАВИЈА И УКРАИНА, ВЕЛИ МАКРОН

    ЕУ ТРЕБА ДА ИЗМИСЛИ НЕКОЛКУ ФОРМАТИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ДА ГИ ПРИМИ ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ, МОЛДАВИЈА И УКРАИНА, ВЕЛИ МАКРОНФранцускиот претседател Емануел Макрон на конференцијата „Глобсек“ во Братислава, Словачка. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување на Европската унија, но за да се направи тоа, според него, треба да се измислат неколку формати за да се справат со аспирациите за членство на земјите од Источна Европа и Балканот.

    „Да, ЕУ мора да се прошири. Да, тоа мора да биде одново смислено во смисла на структурата на управување и на целите. Да, мора да бидеме иновативни, да измислиме неколку формати и да ги разјасниме целите на секој од овие формат“, кажа францускиот претседател на конференцијата „Глобсек“ во Братислава.

    „Ова е единствениот начин за да ги исполниме легитимните очекувања на Западниот Балкан, Молдавија и Украина, кои што мораат да ѝ се приклучат на Европската унија и да ја задржиме геополитичката ефективност, но исто така, и климата, владеењето на правото и економската интеграција во ЕУ каква што постои денеска“, додаде тој.

    Според него, двете алтернативи на оваа негова идеја се да се остават земјите кандидати да чекаат на неодредено или да им се дозволи веднаш да се приклучат на постоечката структура на ЕУ со ризикот блокот да не може веќе да функционира.

    Сепак, тој вели дека ситуацијата со проширување не смее да остане статус кво.

    „Првата грешка би била да се остане на статусот кво, да му се даде надеж на Западниот Балкан на пример, Молдавија итн. и да се игра на факторот време. Верувам дека тоа би била огромна грешка. Сметам дека тоа би им дало простор на оние кои би сакале да ја дестабилизираат Европа. Еден ден би се разбудиле наутро и ситуацијата би била многу подраматична“, рече Макрон.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира