ЕВРОПА СТРАДА ЗА ВОДА ПОРАДИ ГОЛЕМАТА СУША И РЕКОРДНА ЖЕГА

    ЕВРОПА СТРАДА ЗА ВОДА ПОРАДИ ГОЛЕМАТА СУША И РЕКОРДНА ЖЕГАВо делови од Шпанија се воведени рестрикции и вода има само 4 часа на ден. (Фото: АФП)

    Европа се соочува со едно од најсушните лета досега. Брутални горештини го зафатија континентот, се шират шумските пожари, а реките пресушуваат. И, откако зимата со малку врнежи беше проследена со рекордно високи температури во некои земји, милиони луѓе сега се соочуваат со последиците од силната суша.

    За некои, сушата значи забрана за полевање или празни базени. За други, влијанието врз нивниот секојдневен живот е многу поекстремно. На крајот на јули, акумулациите во Шпанија беа со капацитет од само 40 отсто. Според една неодамнешна статија во списанието „Нејчр геосајанс“, земјата се соочува со најсувата клима во последните 1.200 години.

    За околу 800 луѓе кои живеат во селото Бонастре, јужно од Барселона, сушата значи рестрикции за вода. Воведени се сериозни ограничувања оти нивоата на резервоарите се дури и пониски од државниот просек. Жителите имаат пристап до вода само од 7:00 до 10:00 часот и 20:00 до 23:00 часот секој ден. Над 1.000 луѓе починаа поради невидените високи температури во јули, според шпанското Министерство за здравство.

    Во Италија, северните региони се соочуваат со најтешката криза за вода во последните 70 години. Во некои провинции речиси снемува вода за одгледување храна. Влијанието на силната суша не го чувствуваат само земјоделците од северна Италија. Производството на храна стана тешко во другите делови на земјата – дури и за оние кои сакаат да ги наполнат сопствените фрижидери. Проблемот е главно во високите температури и недостатокот на врнежи, поради што големо количество зеленчук не може да се користи или едноставно не расте.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира