ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ПРОНАШЛА ЈАСНА ВРСКА ПОМЕЃУ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ И СЛУЧАИТЕ НА ТРОМБОЗА

    ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ПРОНАШЛА ЈАСНА ВРСКА ПОМЕЃУ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ И СЛУЧАИТЕ НА ТРОМБОЗАЕМА истражува 14 смртни случаи од тромбоза поврзани со вакцинирањето со „АстраЗенека“ (Фото: Гети)

    Европската агенција за лекови (ЕМА) негираше дека воспоставила јасна врска помеѓу вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ и случаите на редок тип на тромбоза, демантирајќи свој висок претставник кој денеска кажа дека таа постои.

    „Сѐ уште не постигнавме заклучок и анализите сѐ уште се во тек. Повеќе сознанија би можеле да бидат објавени денеска или утре“, соопшти ЕМА.

    Марко Кавалери, шефот за вакцини во ЕМА, во интервју за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ кажа дека постои јасна врска помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и редок тип на тромбоза, но причината за тоа засега не е позната.

    „Според мое мислење, сега можеме да кажеме дека е јасно дека постои врска со вакцината. Но, засега не знаеме што ја предизвикува таа реакција“, изјави Кавалери.

    Загриженоста околу редок, но сериозен тип на мозочна тромбоза што е регистрирана кај мал број лица по имунизацијата ја следи вакцината на „АстраЗенека“ со недели. Германија, Италија, Франција, Шпанија и Холандија се меѓу европските земји кои од таа причина ја ограничија употребата на оваа вакцина на одредена возрасна група.

    ЕМА истражува 14 смртни случаи од тромбоза која наводно е последица на вакцинирањето со „АстраЗенека“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира