ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ ИСТРАЖУВА МОЖНА ВРСКА ПОМЕЃУ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“ И ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА ТРОМБОЗА

    ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ ИСТРАЖУВА МОЖНА ВРСКА ПОМЕЃУ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ЏОНСОН И ЏОНСОН“ И ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА ТРОМБОЗАВакцината на „Џонсон и Џонсон“, засега се користи само во САД (Фото: Ројтерс)

    Европската агенција за лекови (ЕМА) истражува можна врска помеѓу вакцината против ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ и појава на згрутчување на крвта.

    Ова следува откако по вакцинирањето биле забележани четири случаи на тромбоза проследено со ниско ниво на тромбоцити, од кои еден бил со смртен исход, објави ЕМА.

    Вакцината на „Џонсон и Џонсон“, од која треба само една доза, засега се користи само во САД, додека во Европската Унија беше одобрена минатиот месец, но сѐ уште не почнала да се дистрибуира. Велика Британија нарачала 30 милиони дози, иако засега не е одобрена од регулаторите.

    ЕМА досега ја истражуваше само врската помеѓу тромбоза и вакцината на „АстраЗенека“ и ова е првпат да потврди дека се испитува и вакцината на „Јенсен“, холандската подружница на „Џонсон и Џонсон“.

    „Овие извештаи укажуваат на безбедносен сигнал. Засега е нејасно дали постои случајна врска помеѓу вакцината и овие состојби. Ги истражуваме овие случаи и ќе решиме дали има потреба од регулаторна акција и од обнова на информациите“, соопшти ЕМА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира