ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЌЕ ГИ ИСФРЛИ СРБИЈА И ЦРНА ГОРА ОД ЛИСТАТА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЌЕ ГИ ИСФРЛИ СРБИЈА И ЦРНА ГОРА ОД ЛИСТАТА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТНа листата безбедни земји на ЕУ остануваат 13 држави (Фото: Ројтерс)

    Србија и Црна Гора ќе бидат исфрлени од листата безбедни земји на чии државјани им е дозволен влез во Европската Унија, изјавија извори од Брисел, додавајќи дека за вклучувањето на САД не се ни дискутирало.

    Германија, која сега претседава со Унијата, предложила двете балкански земји да бидат исфрлени од листата поради зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус во изминатиот период. Обновената листа ќе биде објавена наскоро, но таа е само препорака и не ги обврзува сите 27 членки. На листата засега остануваат Алжир и Мароко, иако дел од членките на ЕУ побарале и нивно исфрлување.

    По исклучувањето на Србија и Црна Гора, на листата остануваат и Австралија, Канада, Кина, Грузија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај и таа редовно ќе се обновува.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари