ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА ЈА КАЗНИ УНГАРИЈА СО 200 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ КРШЕЊЕТО НА ПРАВОТО НА АЗИЛ

    ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА ЈА КАЗНИ УНГАРИЈА СО 200 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ КРШЕЊЕТО НА ПРАВОТО НА АЗИЛОрбан ја опиша новата пресуда како срамна и неприфатлива (Фото: АП)

    Европскиот суд на правдата ѝ нареди на Унгарија да плати казна од 200 милиони евра поради ограничувањата на правото на азил што земјата ги воведе пред долго време. Дополнително, Унгарија ќе мора да плаќа еден милион евра за секој ден одложување. Парите автоматски ќе бидат одземани од уделот на Унгарија во буџетот на ЕУ, чии делови остануваат замрзнати поради слични правни проблеми.

    „Неисполнувањето на обврските претставува невидено и исклучително сериозно прекршување на правото на ЕУ“, соопшти судот.

    Спорот потекнува од декември 2020, кога судот првпат утврди дека владата на Виктор Орбан го ограничува пристапот до процедурите за азил на оние кои бараат меѓународна заштита во земјата, со што практички им е невозможно да аплицираат. Унгарските власти исто така се казнети за незаконско држење на барателите на азил во таканаречените транзит зони, во услови што со споредуваат со притвор.

    Бидејќи Унгарија ја игнорираше пресудата од 2020, Европската комисија покрена нова тужба, што резултираше со денешната одлука. Орбан ја опиша новата пресуда како срамна и неприфатлива.

    „Се чини дека илегалната имиграција им е поважна на европските бирократи од нивните европски граѓани“, кажа Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира