ЕВТИНИ, НО ЕФЕКТИВНИ ТУРСКИ ДРОНОВИ Ѝ ПОМОГНАА НА УКРАИНА ДА ЈА ЗАЦВРСТИ СВОЈАТА ОДБРАНА

    ЕВТИНИ, НО ЕФЕКТИВНИ ТУРСКИ ДРОНОВИ Ѝ ПОМОГНАА НА УКРАИНА ДА ЈА ЗАЦВРСТИ СВОЈАТА ОДБРАНАСе смета дека Украина располага со 20 до 50 дронови „бајрактар“, чија цена е помалку од два милиона долари (Фото: АП)

    И покрај тринеделните руски бомбардирања, Украина успеа да ја задржи цврстата одбрана на градовите со помош на дронови од турско производство, со кои изведува еднократни напади со голема прецизност и делотворност, што ги изненади и западните воени експерти.

    „Бајрактар ТБ2“ е беспилотно летало кое може да носи лесни, ласерски наведувани бомби и Турција досега ги продала на повеќе од десет држави, меѓу кои и Азербејџан, Либија, Мароко и Етиопија.

    „Украина изведуваше неочекувано успешни напади со овие дронови во раната фаза од војната, пред Русија да ја воспостави својата противвоздушна одбрана на бојното поле. Овие дронови не би требало да имаат значајно влијание во војна, зашто се бавни, летаат на средна височина и лесно се забележливи на радар“, вели британскиот воен аналитичар Џек Вотлинг.

    Украинската војска ги користи овие дронови и за доставување муниција, а се покажаа ефективни и за пропагандни цели, така што се објавуваа снимки од напади на социјалните мрежи.

    Турција почна да ги продава овие дронови на Украина во 2019. Анкара сега одби да открие детали од продажбата, додека независни извори сметаат дека Украина располага со 20 до 50 дронови „бајрактар“, чија цена е помалку од два милиона долари.

    Дроновите ги произведува компанијата „Бајкар“, чиј сопственик е зетот на турскиот претседател Ердоган, Селџук Бајрактар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира