ФАРАЖ ВЕЌЕ НЕ Е ЛИДЕР НА УКИП, САКА МЕСТО ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ПРЕГОВАРА ЗА БРЕГЗИТ

a:1:{s:9:"td_source";s:46:"Лондон(Гардијан/Би-Би-Си)

    ФАРАЖ  ВЕЌЕ НЕ Е ЛИДЕР НА УКИП, САКА МЕСТО ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ПРЕГОВАРА ЗА БРЕГЗИТ

    Најџел Фараж, човекот кој ја водеше кампањата за Британија да излезе од ЕУ,  си даде оставка од лидерската функција во неговата десничарска и евроскептична партија Укип. Тој рече дека си го одработил своето за каузата за брегзитот и си ги исполнил своите политички амбиции по успехот на кампањата.

    „За време на референдумот реков дека си ја сакам мојата земја назад… сега велам дека си го сакам назад мојот живот“, рече Фараж (52) објавувајќи ја оставката.

    Ова е трет пат тој да си дава оставка како лидер на Укип, но рече дека веќе нема да се врати на оваа функција и најави дека ќе остане член на Европскиот парламент уште 2 години, а се надева дека во тој период Британија ќе излезе од ЕУ.

    Фараж денеска најави дека можеби ќе има улога во преговорите за излез на Британија од ЕУ, и рече дека „можеби има нешто да даде“.

    Тој одби да каже кого ќе подржи за нов лидер на Конзервативната партија, откако премиерот Дејвид Камерон си даде оставка, а најголемиот поддржувач на брегзитот Борис Џонсон се повлече од лидерската трка. Но Фараж рече дека лидер на конзервативците мора да биде еден од тројцата кандидати кои го поддржа брегзитот – Андреа Лидсон, Мајкл Гоув или Лиам Фокс.

    „Мора да имаме премиер кој е за брегзит“, рече Фараж. Тој предвиде и идни бранувања во британската политика, меѓу што и можноста некои членови на Лабуристичката партија да се здружат со Либералдемократите.

    Оставката на Фараж доаѓа неколку дена по шпекулациите дека Арон Бенкс, донаторот на Укип и лидер на групата Излез.ЕУ, ќе се дистанцира од партијата и ќе формира поистакнато политичко движење. Излез.ЕУ ги објави и анкетите според кои нивните членови ја поддржуваат Лидсом, министерка за енергија на конзервативците, да биде следен премиер.

    Фараж инсистира дека Укип ќе постои како партија во нејзината сегашна форма, но најави можности за поблиска соработка со конзервативците во иднина. Тој рече дека ако има избори наесен, тој не би сакал Укип да застане против пратениците кои се за брегзит.

    „Иако ќе ја напуштиме ЕУ, сепак условите за излез сега се нејасни. Ако има премногу повлекувања од владата, а и поради фактот дека Лабуристичката партија е одвоена од многу свои гласачи, тогаш најдоброто време на Укип допрва доаѓа“, рече Фараж.

    Лидерот на Европската народна партија, најголемата партија во Европскиот парламент, Манфред Вебер, по оставката твитна дека „Најџел Фараж е последната кукавица која го напушта хаосот за кој што е одговорен. Ова покажува дека тој нема никаква кредибилност. Тој вели дека си го сака назад животот. Подобро нека мисли на животите на оние Британци што ги отсече од Европа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари