ФЕЈСБУК КАЗНЕТ СО РЕКОРДНИ ПЕТ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА СКАНДАЛОТ СО ОТКРИВАЊЕТО НА ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИЦИТЕ

    ФЕЈСБУК КАЗНЕТ СО РЕКОРДНИ ПЕТ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА СКАНДАЛОТ СО ОТКРИВАЊЕТО НА ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИЦИТЕФејсбук е обвинет дека на фирмата „Кембриџ аналитика“ незаконски ѝ одобрил пристап до податоците на 87 милиони корисници. - Марк Закерберг (Фото: Ројтерс)

    Американските регулатори му изрекоа рекордна казна од пет милијарди долари на Фејсбук поради скандалот со откривањето на личните податоци на корисниците, објавија тамошните медиуми.

    Ова е заклучокот на истрагата на Федералната комисија за трговија (ФТЦ), која ги испитуваше обвинувањата дека политичката консултантска фирма „Кембриџ аналитика“ незаконски дошла до личните податоци на 87 милиони корисници на Фејсбук. Двете страни засега не се огласија со коментар.

    Агенцијата за заштита на потрошувачите ја почна истрагата во март 2018, откако се дозна дека „Кембриџ аналитика“ добила пристап до податоците на десетици милиони корисници на Фејсбук. Истрагата се фокусираше на тоа дали Фејсбук прекршил договор од 2011, според кој морал да ги извести корисниците и тие да дадат одобрување за споделување на нивните податоци.

    Иако рекордно висока, казната е во рамките на она што го очекуваше и самиот Фејсбук.

    „Кембриџ аналитика“ е британска фирма која дојде до големо количество лични податоци преку квиз на Фејсбук и потоа ги искористи за да го проучи психолошкиот профил на американските гласачи и да влијае врз нив да гласаат за Доналд Трамп на изборите во 2016.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира