ФИЛИПИНСКИ НОВИНАР УБИЕН ДОДЕКА СЕ ЈАВУВАЛ ВО ЖИВО НА РАДИО

    ФИЛИПИНСКИ НОВИНАР УБИЕН ДОДЕКА СЕ ЈАВУВАЛ ВО ЖИВО НА РАДИОХуан Хумалон бил застрелан во своето домашно студио (Фото: Фејсбук)

    Филипински радиоводител е убиен додека водел емисија во живо. Хуан Хумалон, познат како Диџеј Џони Вокер, бил застрелан во своето домашно студио, кажа полицијата.

    Претседателот Маркос го осуди убиството на Хумалон, кој е четвртиот убиен новинар во Филипини откако тој дојде на власт во јуни 2022.

    Хумалон се јавувал во живо преку Фејсбук кога убиецот влегол во кабината за снимање и двапати го застрелал. Извори од полицијата кажаа дека напаѓачот претходно побарал дозвола да влезе во кабината зашто имал да соопшти нешто многу важно.

    Од полицијата кажаа дека немаат сознанија дека Хумалон претходно добивал закани по живот. Засега е непознато дали убиството е поврзано со неговата работа.

    Според американската организација Фридом хаус, Филипини е една од најопасните држави за новинарите на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира