ФИНСКА ЌЕ АПЛИЦИРА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО БЕЗ ОДЛАГАЊЕ

    ФИНСКА ЌЕ АПЛИЦИРА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО БЕЗ ОДЛАГАЊЕФинска има граница со Русија долга 1.300 километри и досега беше надвор од НАТО за да избегне непријателство од својот источен сосед. - Од вежба на финската армија (Фото: Фејсбук)

    Финските претседател и премиерка повикаа земјата да аплицира за членство во НАТО без одлагање. Саули Нинисто и Сана Марин во заедничко соопштение кажаа дека очекуваат одлуката да биде донесе во наредните неколку дена. Потегот доаѓа среде голем раст на поддршката од јавноста за членство во НАТО по руската инвазија на Украина.

    Финска има граница со Русија долга 1.300 километри и досега беше надвор од НАТО за да избегне непријателство од својот источен сосед.

    Финска официјално ќе ја соопшти својата одлука в недела откако прашањето ќе биде разгледано од финскиот парламент и други високи функционери.

    Шведска кажа дека ќе соопшти слична одлука истиот ден. Русија се закани со непрецизирани мерки ако двете влади ја напуштат долготрајната политика на воена неутралност.

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека очекува процесот на зачленување на Финска и Шведска да се случи многу брзо.

    „Членството на НАТО ќе ја зајакне безбедноста на Финска. Како членка на НАТО, Финска ќе ја зајакне целата одбранбена алијанса. Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одлагање“, се вели во заедничкото соопштение на Нинисто и Марин.

    Анкета од минатата недела покажа дека поддршката во Финска за зачленување во НАТО е 76 отсто, а 12 отсто се против, што е огромна промена од пред руската инвазија на Украина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира