ФИНСКА РАЗМИСЛУВА ПРИВРЕМЕНО ДА ГИ ЗАБРАНИ ЛЕТОВИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ПО ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАРАЗЕНИ ПАТНИЦИ НА ЛЕТОВИТЕ СКОПЈЕ-ТУРКУ

    ФИНСКА РАЗМИСЛУВА ПРИВРЕМЕНО ДА ГИ ЗАБРАНИ ЛЕТОВИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ПО ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАРАЗЕНИ ПАТНИЦИ НА ЛЕТОВИТЕ СКОПЈЕ-ТУРКУСите патници кои доаѓаат од Скопје во Турку сега се тестираат за коронавирус (Фото: ТАВ)

    Финската агенција за транспорт и комуникации размислува привремено да ги забрани авионските летови од Македонија откако повеќе од 40 патници на летовите Скопје-Турку во изминатите десет дена биле заразени со коронавирус. „Визер“ во својот распоред има два вакви лета неделно.

    Сите патници кои доаѓаат од Скопје во Турку сега се тестираат за коронавирус.

    На летот за Турку од 8 август, дури 24 патници биле позитивни на коронавирус и министерот за здравство Венко Филипче потоа појасни дека најголем дел од патниците биле косовски државјани и само двајца биле со македонски пасош.

    Од Министерството за здравство информираа дека станува збор за патници-иселеници кои доаѓаат во Северна Македонија или транзитираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа и за кои не важат рестрикциите при влез и излез од земјата зашто имаат дозвола за престој или државјанство од ЕУ.

    Уште 17 патници кои во следните денови летале на релацијата Скопје-Турку биле позитивни на коронавирус. Комисијата за заразни болести денеска предложи да се воведе задолжителен ПЦР тест за ковид-19 за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира