ПЦР КОВИД ТЕСТОВИ И ЗА ТРАНЗИТ ЗА КОСОВСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ПЦР КОВИД ТЕСТОВИ И ЗА ТРАНЗИТ ЗА КОСОВСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИКомисијата предлагата државјаните на Косово кои минуваат низ земјава, односно летаат преку скопскиот аеродром, на граничниот премин да покажат негативен ковид ПЦР тест не постар од 72 часа. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Да се воведе задолжителен ПЦР ковид тест за патниците од Косово коишто транзитираат низ земјава, предлага Комисијата за заразни болести. Оваа одлука е донесена на денешниот утринскиот состанок и ќе биде предадена до Владата која треба да одлучи по неа.

    Државјаните на Косово кои минуваат низ земјава, односно летаат преку скопскиот аеродром на граничниот премин ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

    Одлуката доаѓа откако на три лета за финскиот град Турку од Скопје имаше вкупно 42 позитивни патници.

    Вчера и министерот за здравство Венко Филипче најави можно воведување на ПЦР тестови и за транзит бидејќи голем број од патниците кои летаат кон европските земји од Скопје се државјани на Косово.

    „Сметам дека имаме стабилна слика, секаде има влошување на состојбата со број на заболени, само кај нас е иста состојбата. Затоа, нема потреба нашиот аеродром да стои како место од каде доаѓаат позитивни патници“, рече вчера Филипче.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира