ФЛОРИДА ГО ОБЕЛЕЖА РОДЕНДЕНОТ НА ТРАМП СО ПАРАДИ НА КАМИОНИ, МОТОЦИКЛИ И БРОТЧИЊА

    ФЛОРИДА ГО ОБЕЛЕЖА РОДЕНДЕНОТ НА ТРАМП СО ПАРАДИ НА КАМИОНИ, МОТОЦИКЛИ И БРОТЧИЊАОрганизаторите на парадите беа дел од изборната кампања на Трамп во Флорида (Фото: АП)

    Приврзаниците на Доналд Трамп во Флорида го обележаа неговиот 74. роденден со каравани, флотили и паради.

    Во областа Палм Бич, каде што Трамп има ресорт, каравани од камиони, мотоцикли и бротчиња возеа по автопатот и морето во повеќе наврати во текот на денот. Организаторите на овие настани беа дел од изборната кампања на Трамп во Флорида. Флотили во чест на Трамп се планирани и во некои други градови во Флорида.

    Во исто време, низ Палм Бич се одржа контракараван, на кој се протестираше против расизмот и се бараа реформи на полицијата.

    Зборувајќи пред воените питомци во Вест Поинт, Трамп забележа дека неговиот роденден се совпаѓа со 245-годишнината од основањето на американската војска.

    „Не знам дали е ова случајно. Сепак е голем ден“, изјави Трамп.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари