ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДОЈДЕ ВО КИЕВ ВО ПРЕСРЕТ НА ОДЛУКАТА ДАЛИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА

    ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДОЈДЕ ВО КИЕВ ВО ПРЕСРЕТ НА ОДЛУКАТА ДАЛИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНАФон дер Лајен ќе разговара со Зеленски и за финансиската и воената поддршка за Украина (Фото: Икс)

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е во Киев, додека Европската Унија се обидува да ги увери Украинците дека ја имаат нејзината поддршка во пресрет на клучниот извештај за пристапните аспирации на Украина.

    Тука сум за да разговараме за патот на Украина кон ЕУ и како ќе продолжиме да ја притискаме Русија да плаќа за својата агресија“, напиша Фон дер Лајен на Икс.

    Европската комисија на 8 ноември ќе го објави својот извештај за тоа колку Украина и другите потенцијални членки ги исполнуваат економските, правните и други услови за пристапување. Фон дер Лајен претходно го посети и Западен Балкан.

    Се разбира дека проширувањето ќе биде една од главните теми, но исто така и финансиската и воената поддршка. Најважната порака е уверувањето на Украина дека ќе бидеме со неа колку што биде потребно“, изјави Фон дер Лајен.

    Европски дипломати изјавија дека Брисел на 8 ноември ќе предложи отворање пристапни преговори со Украина и Молдавија. Извештајот за напредокот на ЕК е клучен чекор за тоа дали ќе се отворат преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира