Емануел Макрон кажа дека 2022 година мора да биде пресвртна точка за Европа откако Франција на полноќ го презеде шестмесечното претседателство со Европската Унија.
Во новогодишното телевизиско обраќање, Макрон ја пофали улогата на ЕУ за време на ковид-кризата и најави амбициозна агенда за блокот, што во исто време ќе му служи како кампања за повторен избор за претседател.
„Можете да сметате на мојата целосна посветеност дека овој период, што за Франција доаѓа на секои 13 години, ќе биде време на напредок“, кажа Макрон.
Европските сфаќања беа клучен дел од неговата кампања кога победи на претседателските избори во 2017 и тој се надева дека тие повторно ќе му бидат силен адут за изборите закажани во април.
Европските лидери ќе се сретнат во Париз на 10/11 март, што ќе биде голема шанса да се договорат за значајни буџетски реформи. Тоа многу ќе зависи од германскиот канцелар Олаф Шолц, кој досега беше скептичен за реформите, но ја поддржува агендата на Макрон.
Домашните противници веќе го обвинија Макрон дека ќе го искористи шестмесечното водство со ЕУ за лични интереси.
„Тоа е голема грешка. Тоа го прави за лични интереси, а не за Франција“, изјави Валери Пекрес од крајнодесничарската Републиканска партија.