ФРАНЦИЈА ОД ДЕНЕСКА СУСПЕНДИРА 300.000 НЕВАКЦИНИРАНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА

    ФРАНЦИЈА ОД ДЕНЕСКА СУСПЕНДИРА 300.000 НЕВАКЦИНИРАНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦАМерката што ја усвои францускиот парламент беше проследена со протести (Фото: АП)

    Здравствените работници во Франција од денеска се соочуваат со суспензија од работа ако не се вакцинирани против ковид-19. Во услови кога 300.000 медицински лица сè уште не се имунизирани, болниците стравуваат дека ќе им се појави недостиг од кадар.

    Во Франција, вакцините се задолжителни за здравствените работници и за вработените во старечките домови и итните служби и денеска е краен рок за нив да ја примат првата доза. Ако одбијат, им следуваат неплатено отсуство и забрана за доаѓање на работа. Врховниот суд забранува тие да добијат отказ.

    Мерката беше усвоена во францускиот парламент летово зашто владата инсистираше дека е неопходна за да се заштитат пациентите и јавноста од новиот бран на коронавирусот. Од почетокот на пандемијата, над 113.000 луѓе починаа од ковид-19 во Франција, а властите велат дека повеќето од хоспитализираните во последниот бран на зараза не биле вакцинирани.

    Франција претходно воведе и ковид пропусница за влез во ресторани и други објекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира