ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ШАНСА ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПУШТИ, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ШАНСА ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПУШТИ, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИАналена Бербок вели дека Западен Балкан ѝ е блиску до срцето (Фото: АФП)

    Компромисниот предлог на Франција за одблокирање на почетокот на пристапните преговори со Европска Унија е шанса што Северна Македонија не би требала да ја испушти, кажа германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

    Западен Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Иднината на овие земји лежи во Европската Унија. Компромисот што го презентираше француското претседателство за стартот на пристапните преговори со Северна Македонија е можност што не би требала да се пропушти“, напиша Бербок на Твитер.

    Таа додаде дека искористувањето на оваа шанса е од огромен стратешки интерес и за ЕУ и за Северна Македонија.

    Сега е време да се тргне напред“, додаде Бербок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира