ГЕРМАНИЈА, ХРВАТСКА И ШВАЈЦАРИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ КОИ ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРААТ ГРАНИЦИТЕ, ГРЦИЈА СЕ ОТВОРА И ЗА ТУРИСТИТЕ ОД ДРУГИ КОНТИНЕНТИ

    ГЕРМАНИЈА, ХРВАТСКА И ШВАЈЦАРИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ КОИ ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРААТ ГРАНИЦИТЕ, ГРЦИЈА СЕ ОТВОРА И ЗА ТУРИСТИТЕ ОД ДРУГИ КОНТИНЕНТИГерманските туристи уште од денеска смеат да патуваат на Балеарските Острови во Шпанија (Фото: Ројтерс)

    Европската комисија го поддржа отворањето на внатрешните граници на Европската Унија од денеска, но само мал број земји навистина ќе го направат тоа.

    Во Германија, Белгија, Хрватска и Швајцарија, која не е членка на ЕУ, но е дел од Шенген зоната, веќе ја нема сообраќајната полиција по патиштата за да го контролира спроведувањето на рестриктивните мерки.

    Чешка ги укина сите ограничувања за патувања од и во 26 земји, од што засега се исклучени државјаните на Велика Британија, Шведска, Белгија и Португалија.

    И Грција ги отвори своите граници, дури и за туристите од далечни земји, како Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија. Грција ќе им дозволи влез на македонските државјани од 1 јули.

    Италија ги отвори границите уште на 3 јуни, а Полска го направи тоа во саботата.

    Шпанскиот премиер Педро Санчес кажа дека земјата ќе дозволи слободни патувања од земјите од ЕУ од 21 јуни, но германските туристи уште од денеска смеат да доаѓаат на Балеарските Острови.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари