ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ ЛЕСНИОТ КАРАНТИН ДО 20 ДЕКЕМВРИ И ЌЕ ДОЗВОЛИ ОГРАНИЧЕНИ СОБИРИ ЗА БОЖИЌ

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ ЛЕСНИОТ КАРАНТИН ДО 20 ДЕКЕМВРИ И ЌЕ ДОЗВОЛИ ОГРАНИЧЕНИ СОБИРИ ЗА БОЖИЌВладата ги забрани сите новогодишни огномети за да не се собираат луѓе (Фото: ЕПА)

    Германија планира да го продолжи „лесниот карантин“ до 20 декември со цел да се забави ширењето на коронавирусот, но на луѓето ќе им биде дозволено да се собираат во ограничен број за претстојните празници.

    Според планот за кој Ангела Меркел утре ќе дискутира со премиерите на 16-те сојузни покраини, за Божиќ и Нова година ќе бидат дозволени собири со најмногу десет луѓе. Градоначалникот на Берлин Михаел Милер кажа дека е уверен дека мерките ќе бидат усвоени.

    Германија ги затвори рестораните, баровите и културните установи на 2 ноември, додека приватните собири беа ограничени на најмногу десет луѓе од две различни домаќинства. Владата ги оправда овие мерки со желбата да се овозможат семејни собири за Божиќ.

    Со новиот план, приватните собири до празничниот период ќе бидат ограничени на само пет луѓе.

    Германија во последните 24 часа регистрираше 13.554 нови случаи на зараза, а вкупната бројка се ближи кон еден милион.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира