ГЕРМАНИЈА ОД 25 ЈУНИ ЌЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ

    ГЕРМАНИЈА ОД 25 ЈУНИ ЌЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ„Патувања за посети и туризам ќе бидат возможни повторно за вакцинираните луѓе“, велат од германското МВР. - Скопскиот аеродром (Фото: СДК.МК)

    Германија од 25 јуни ќе им дозволи влез во земјата на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ ако се целосно вакцинирани против ковид-19, освен ако доаѓаат од ризична земја, соопшти германското министерство за внатрешни работи.

    „Патувања за посети и туризам ќе бидат возможни повторно за вакцинираните луѓе“, велат од министерството, додавајќи дека втората доза треба да биде примена најмалку 14 дена пред патувањето.

    Ова олеснување важи за вакцинирани со вакцини одобрени од Европската медицинска агенција, а такви засега се вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

    Македонија беше тргната од листата на ризични земји во неделата, на 13 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира