ГЕРМАНИЈА СО РЕКОРДНИ 952 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ДОДЕКА НА СИЛА СТАПИЈА НОВИ СТРОГИ РЕСТРИКЦИИ

    ГЕРМАНИЈА СО РЕКОРДНИ 952 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ДОДЕКА НА СИЛА СТАПИЈА НОВИ СТРОГИ РЕСТРИКЦИИСпоред новите мерки, само супермаркетите, аптеките и банките остануваат отворени (Фото: Ројтерс)

    Германија влезе во строг карантин, затворајќи ги училиштата и сите несуштински бизниси во обид да го запре наглото ширење на коронавирусот. Мерките ќе бидат на сила најмалку до 10 јануари, што на кратко ќе биде ублажено за Божиќ, кога домаќинствата ќе смеат да нагостат четири блиски членови на семејството.

    Токму денеска, Германија го регистрираше новиот дневен рекорд од 952 смртни случаи од ковид-19, како и 27.728 новозаразени. Ангела Меркел претходно предупреди дека Германија ја чекаат два тешки месеца.

    Според новите мерки, само супермаркетите, аптеките и банките остануваат отворени. На компаниите им се препорачува да воведат работење од дома, ако е можно. Забрането е и пиење алкохол на јавни места, вклучувајќи греано вино, што е популарна традиција меѓу Германците во овој дел од годината.

    „Ситуацијата е посериозна од кога било и бројките продоложуваат да растат. Постои опасност ситуацијата да стане уште полоша и ќе биде потешко и потешко да се носиме со пандемијата и последиците“, изјави шефот на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, Лотар Вилер.

    Германската влада ги притиска европските регулатори да ја забрзаат постапката за одобрување на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ и Европската агенција за лекови вчера потврди дека одлуката ќе биде објавена на 21 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира