ГЕРМАНИЈА ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ГОЛЕМИ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА ОТКАКО НА СИЛА СТАПИ НОВ ЗАКОН

    ГЕРМАНИЈА ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ГОЛЕМИ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА ОТКАКО НА СИЛА СТАПИ НОВ ЗАКОНОпштата забрана за движење е најконтроверзниот дел од новиот закон кој ѝ дава поголеми овластувања на владата (Фото: ДПА)

    Нов контроверзен закон стапи на сила во Германија, кој предвидува автоматско воведување строги мерки во областите каде што брзо се зголемува бројот на заразени со коронавирус. „Итната кочница“ ќе се активира ако стапката на заразата во одредена област надминува 100 нови случаи на 100.000 жители три дена по ред. Големи делови од Германија, од рурални заедници до големи градови како Берлин, Минхен, Келн и Франкфурт, моментално го надминуваат овој лимит.

    Мерките предвидуваат полициски час од 22 до пет часот, дополнително ограничување на контактите и затворање на културни установи. Ако седумдневната стапка на заразата е над 165, училиштата целосно се префрлуваат на онлајн настава.

    Законот, за кој жестоко се дебатираше во парламентот оваа недела, ѝ дозволува на федералната влада да ги заобиколи регионалните власти во носењето одлуки за сојузните покраини. Партнерите на Ангела Меркел сметаат дека ова е неопходно во ситуација кога земјата се обидува да го скроти третиот бран на пандемијата.

    „Новите мерки даваат причина за оптимизам, зашто тоа е шансата да го скршиме третиот бран“, изјави претседателот на Германската асоцијација на лекари, Дирк Хајнрих.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира