ГЕРМАНСКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРЕДЛОЖИ ПУЧДЕМОН ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО ШПАНИЈА

    ГЕРМАНСКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРЕДЛОЖИ ПУЧДЕМОН ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО ШПАНИЈАСе очекува на судот да му требаат неколку дена да реши дали ќе го прифати предлогот на обвинителството (Фото: ЕПА)

    Германија ја почна постапката за екстрадиција на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон во Шпанија, откако главниот јавен обвинител на покраината Шлезвиг-Холштајн дал зелено светло за ова.

    Пучдемон беше приведен на 25 март на данската граница, кога сакал преку Германија да се врати во Белгија, кадешто избега по неуспешниот обид на Каталонија да прогласи независност од Шпанија. Тој сега се соочува со обвинување за побуна, за што би можел да добие до 30 години затвор.

    „Обвинителството заклучи дека постои основа за барањето за екстрадиција. Обвинувањето за побуна е основано, бидејќи произлегува од одржувањето на неуставниот референдум, и покрај тоа што се очекуваше да има насилни последици“, соопшти обвинителството.

    Се очекува на судот да му требаат неколку дена да реши дали ќе го прифати предлогот на обвинителството, кое вели дека „обвинувањата со кои се соочува Пучдемон постојат и во германските закони“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира