ГЕРМАНСКИ СТУДЕНТИ СО ФУДБАЛСКИ ГРАФИТИ ИСЧКРТАЛЕ ПОЗНАТА ИСТОРИСКА ЗГРАДА ВО ФИРЕНЦА

    ГЕРМАНСКИ СТУДЕНТИ СО ФУДБАЛСКИ ГРАФИТИ ИСЧКРТАЛЕ ПОЗНАТА ИСТОРИСКА ЗГРАДА ВО ФИРЕНЦАДвајцата осомничени, на возраст од 20 и 21 година користеле спреј со боја за да пишуваат на древната структура.(Фото:БиБиСи)

    Уште една историска знаменитост на Италија беше осквернавена од туристи ова лето.

    Овојпат тоа е Васариевиот коридор, стар 460 години, прекрасен речен коридор поврзан со познатата Уфици галерија во Фиренца, кој беше испрскан со графити на фудбалски навивачи од Минхен.

    Осомничени се двајца германски туристи од група од 11 студенти кои престојувале во приватно сместување во градот.

    „Карабинерите од оперативната единица во Фиренца и од Карабинерската станица Уфици, анализирајќи го видеонадзорниот материјал, успеаја да ги идентификуваат двете  лица кои, во 5.20 часот на 23 август го оштетиле исклучително важниот уметнички објект”, изјавија фиренцските карабинери за СиЕнЕн.

    Италијанското Министерство за култура изјави дека за санација на оштетувањето ќе бидат потребни 10.000 евра за работа што ќе бидат извршени под надзор на воооружаена стража 24 часа.

    Двајцата осомничени, на возраст од 20 и 21 година користеле спреј со боја за да пишуваат на древната структура. Во четвртокот собата во која биле сместени била претресена по наредба за истрага при што се пронајдени два спреја со црна распрскувачка боја и обоена облека.

    Васариевиот коридор со должина од еден километар беше изграден од италијанскиот сликар и архитект Џорџо Васари за  помалку од девет месеци во 1565 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира