ГЕРМАНСКИ ВОЈНИЦИ ПРИСТИГНАА ВО ЛИТВАНИЈА, ШТО Е НИВНО ПРВО ПОСТОЈАНО РАСПОРЕДУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ГЕРМАНСКИ ВОЈНИЦИ ПРИСТИГНАА ВО ЛИТВАНИЈА, ШТО Е НИВНО ПРВО ПОСТОЈАНО РАСПОРЕДУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАПланирано е до крајот на 2027 да има 5.000 германски војници во Литванија (Фото: АП)

    Германија денеска почна да распоредува свои трупи во Литванија, со што за првпат од Втората светска војна тие ќе бидат стационирани надвор од својата земја на долг рок. За почеток пристигнаа десетици војници, чија бројка ќе порасне на повеќе од 150 до крајот на годината. Планирано е до крајот на 2027 да има 5.000 германски војници во Литванија.

    Ова е првпат нашите трупи постојано да се стационирани надвор од Германија. Ова е важен ден за германската војска“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

    Литванскиот министер за одбрана Лауринас Касциунас изјави дека овој историски потег е одличен пример за сите членки на НАТО од неговото источно крило.

    Ќе создадеме таква одбранбена архитектура на одвраќање што ниеден противник од истокот нема да се осмели да го тестира Членот 5 на НАТО за колективна одбрана“, кажа Касциунас.

    Литванија граничи со руската енклава Калининград и со Белорусија.

    Германската војска почна да учествува во долготрајни операции во странство во 1990-тите, прво на Балканот, а потоа и во Авганистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира