ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗГЛАСА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ГЕЈ БРАКОВИ, МЕРКЕЛ ГЛАСАЛА ПРОТИВ

    ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗГЛАСА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ГЕЈ БРАКОВИ, МЕРКЕЛ ГЛАСАЛА ПРОТИВМеркел вели „за мене бракот како што е дефиниран со законот е брак на маж и жена", но рече дека мора да се почитува спротивното мислење (Фото: АП)

    Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека гласала против бракот на лица од ист пол, бидејќи смета дека законот во земјата го гледа бракот како помеѓу маж и жена, но рече дека мора да се почитува спротивното мислење.

    Парламентот денеска изгласа легализирање на брак на истополови двојки. Меркел го отвори патот за гласање со коментари претходно неделава со што ги ослободи членовите на нејзиниот конзервативен блок да гласаат според нивната совест, а не партискиот став.

    Меркел  вели „за мене бракот како што е дефиниран со законот е брак на маж и жена”, но таа продолжува да го смета толкувањето како „одлука на совеста”.

    Законот, кој се очекува да се соочи со правни предизвици, исто така, ја отвора вратата за можност за хомосексуалните двојки да посвојуваат деца – што Меркел вели дека го поддржува.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира