ГЕРМАНСКИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ЕУ ДА ВОВЕДЕ КОВИД-ТЕСТОВИ ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД КИНА, ОЧЕКУВААТ ВИРУСОТ ДА МУТИРА

    ГЕРМАНСКИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ЕУ ДА ВОВЕДЕ КОВИД-ТЕСТОВИ ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД КИНА, ОЧЕКУВААТ ВИРУСОТ ДА МУТИРАЕУ засега нема донесено одлука за заеднички одговор на брзото ширење на коронавирусот во Кина (Фото: АП)

    Германските лекари побараа Европската Унија да воведе тестирање за ковид-19 за патниците кои доаѓаат од Кина, додека во оваа земја забрзано се зголемува бројот на заразени. Брисел најави дека оваа недела ќе дискутира за ова прашање.

    Многу е веројатно дека вирусот ќе мутира, имајќи го предвид експлозивното ширење. Тоа е нешто за што мора да бидеме подготвени. Она што ни треба е единствена заштита низ Европа. Секој патник од Кина кој влегува во ЕУ би требало да направи брз тест“, изјави Јоханес Најсен, претседателот на Германското здружение на лекари од јавното здравство.

    Според него, ако брзиот тест се покаже позитивен, патниците би требало да се тестираат и со ПЦР-тест, а секој што е заразен би требало да оди во изолација.

    Европската Унија засега нема донесено одлука за заеднички одговор на брзото ширење на коронавирусот во Кина. Неколку земји како Франција и Шпанија воведоа тестирање на патниците од Кина. Германскиот епидемиолог Клаус Штер смета дека тестирањето не е делотворен начин да се спречи ширењето на нови соеви.

    Мониторингот не е така лоша идеја, но потоа би требало да видиме како тие соеви се однесуваат меѓу населението. Додека се испитаат сите негови промени, новата варијанта веќе ќе се протне. Дури и тестирањето не може да го спречи тоа“, вели Штер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира