ГИ ИЗВЕСТИВМЕ СОЈУЗНИЦИТЕ ДЕКА ЌЕ КАЖЕМЕ „НЕ“ ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТО, ВЕЛИ ЕРДОГАН

    ГИ ИЗВЕСТИВМЕ СОЈУЗНИЦИТЕ ДЕКА ЌЕ КАЖЕМЕ „НЕ“ ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТО, ВЕЛИ ЕРДОГАНЕрдоган ги обвини двете земји дека поддржуваат терористи (Фото: Анадолу)

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ги известил своите сојузници дека ќе каже „не“ за приемот на Шведска и Финска во НАТО.

    „Посветено ќе продолжиме со нашата политика. Им рековме на нашите сојузници дека ќе ќажеме ‘не‘ за членството на Шведска и Финска во НАТО“, изјави Ердоган.

    Тој додаде дека двете скандинавски држави им даваат засолниште на терористи и ги финансираат и снабдуваат со оружје.

    Анкара вели дека Шведска и Финска поддржуваат луѓе кои се поврзуваат со Курдската работничка партија, курдската милиција во Сирија и со Фетулах Ѓулен, кои таа ги квалификува како терористи.

    „НАТО е безбедносна алијанса и не можеме да прифатиме терористи да бидат во неа“, кажа Ердоган.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира