ГО НАЈДОВМЕ НАВАЛНИ ВО ЕДЕН ОД НАЈЗАФРЛЕНИТЕ ЗАТВОРИ ВО РУСИЈА, КАЖАА НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ

    ГО НАЈДОВМЕ НАВАЛНИ ВО ЕДЕН ОД НАЈЗАФРЛЕНИТЕ ЗАТВОРИ ВО РУСИЈА, КАЖАА НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИНавални во август беше прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистичка организација (Фото: АП)

    Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, е жив и се наоѓа во казнена колонија во Сибир, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш.

    Го најдовме Алексеј Навални“, изјави таа, додавајќи дека е затворен во северна Русија.

    Неговиот тим немаше контакт со Навални од 6 декември, кога беше префрлен од претходниот затвор во Мелехово, 235 километри источно од Москва. Навални се наоѓа во затвор од 2021.

    Неговиот адвокат се видел со него денеска. Алексеј е добро“, кажа Јармиш.

    Новиот затвор на Навални, ИК-3 наречен и „Поларен волк“, се смета за еден од најстрогите во Русија. Најголем дел од тамошните затвореници се осудени за најсериозните злосторства.

    Оваа колонија е една од најзафрлените во Русија, со тешки услови“, изјави соработникот на Навални, Иван Жданов.

    Навални во август беше прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистичка организација, за што доби уште 19 години затвор. Тој претходно беше осуден на девет години затвор за прекршување условна казна, измама и за непочитување на судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира