ГО ОСТАВАМЕ МИНАТОТО ЗАД НАС, КАЖАА КИМ И ТРАМП ПО СРЕДБАТА ВО СИНГАПУР И ПОТПИШАА ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА

    ГО ОСТАВАМЕ МИНАТОТО ЗАД НАС, КАЖАА КИМ И ТРАМП ПО СРЕДБАТА ВО СИНГАПУР И ПОТПИШАА ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈАИ Ким и Трамп изразија големо задоволство од состанокот и најавија голема промена за светот (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека средбата со Ким Џонг-Ун поминала подобро од сите очекувања, откако стана прв претседател на САД кој во својот мандат се сретнал со севернокорејски лидер.

    Историската средба на сингапурскиот остров Сентоса почна со ракувањето на двајцата лидери во три часот по македонско време, по што Трамп веднаш го изрази своето уверување дека двете земји во иднина ќе имаат одлични односи, иако изминативе децении се сметаа за смртни непријатели.

    „Имаше голем број пречки пред почетокот на состанокот, но сепак сме тука“, кажа Ким, не одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се откаже од нуклеарното оружје.

    Се очекува двајцата лидери да дадат официјални изјави во наредните часови, а претходно ќе биде објавена содржината на заедничката декларација што ја потпишаа, за која Трамп кажа дека е многу сеопфатна.

    „Ова беше одличен ден. Горди сме на ова што се случи денеска. Научивме многу за нашите земји. Развив посебна врска со Ким. Тој е многу талентиран човек, кој многу ја сака својата земја. Остваривме голем напредок, навистина е многу позитивно, подобро од сите очекувања“, кажа Трамп, потврдувајќи дека планира да го покани Ким во Белата куќа.

    Задоволство од состанокот изрази и Ким.

    „Му благодарам на Трамп што овозможил да се случи овој состанок. Имавме историска средба и решивме да го оставиме минатото зад нас. Светот ќе види голема промена“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира