ГО ОТКАЖАВ НАПАДОТ НА ИРАН КОГА МИ КАЖАА ДЕКА ЌЕ ИМА 150 МРТВИ, ВЕЛИ ТРАМП

    ГО ОТКАЖАВ НАПАДОТ НА ИРАН КОГА МИ КАЖАА ДЕКА ЌЕ ИМА 150 МРТВИ, ВЕЛИ ТРАМПТрамп го откажал нападот десет минути пред да почне (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека го откажал воениот напад на Иран десет минути пред да почне, откако добил проценка дека во него ќе загинат околу 150 луѓе. Тој призна дека го одобрил нападот синоќа, во знак на одмазда за соборувањето на американскиот разузнавачки дрон, што го изведе Иранската револуционерна гарда.

    „Оружјето беше наполнето и бевме подготвени за напад на три цели кога ги прашав моите генерали колку луѓе ќе умрат. ‘150, господине‘, ми одговори еден генерал. Десет минути пред да почне нападот, го откажав. Толкава бројка мртви ќе беше непропорционална за еден дрон“, напиша Трамп на Твитер.

    Веста дека бил одобрен напад на Иран прв ја објави весникот „Њујорк тајмс“, откривајќи дека тој бил во рана фаза, кога Трамп се премислил. Во план биле напади на радар и на ракетни системи.

    „Не ми се брза. Нашата армија е обновена, нова и подготвена за напад, таа е најдобра на светот“, додаде Трамп.

    И додека Техеран вели дека дронот бил соборен над негова територија, Вашингтон и натаму тврди дека тоа се случило во меѓународен воздушен простор.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари