ЃОКОВИЌ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОРОТ, МИНИСТЕРОТ ЗА ИМИГРАЦИЈА УТРЕ ЌЕ РЕШИ ЗА ДЕПОРТАЦИЈАТА

    ЃОКОВИЌ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОРОТ, МИНИСТЕРОТ ЗА ИМИГРАЦИЈА УТРЕ ЌЕ РЕШИ ЗА ДЕПОРТАЦИЈАТАФановите на Ѓоковиќ излегоа на улиците на Мелбурн за да му дадат поддршка (Фото: Ејџ)

    Денеска нема да биде донесена конечна одлука дали на Ѓоковиќ ќе му се дозволи да остане во Австралија или ќе биде депортиран, објави весникот „Сиднеј морнинг хералд“. Владата имаше четири часа да реши дали ќе го задржи Ѓоковиќ во притвор, но откако тоа време истече, тој е слободен да си оди.

    Ова следува неколку часа откако Федералниот суд во Мелбурн ја поништи одлуката за укинување на визата на Ѓоковиќ и нареди негово пуштање од имиграцискиот притвор, каде што престојуваше од доаѓањето во Австралија во средата. Сепак, конечниот збор го има министерот за имиграција Алекс Хок, кој располага со исклучителни овластувања и дискреција да поништува визи од кои било причини. Ако Хок донесе таква одлука, Ѓоковиќ три години можеби нема да смее да влезе во Австралија.

    Организаторите на Отвореното првенство на Австралија му дозволија на Ѓоковиќ да учествува иако не е вакциниран против ковид-19, што е главен услов за влез во земјата. Тој доби дозвола за медицинско изземање од вакцинирањето врз основа на тоа што имал позитивен тест за коронавирус на 16 декември. Австралиските власти во ноември ја известиле Тениската федерација дека скорешна зараза со коронавирусот не е нужна основа за изземање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира