ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ВО ЛОНДОНСКИОТ ОБЛАКОДЕР ПОЧНАЛ ОД ФРИЖИДЕР ХОТПОИНТ, ПОТВРДИ ПОЛИЦИЈАТА

    ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ВО ЛОНДОНСКИОТ ОБЛАКОДЕР ПОЧНАЛ ОД ФРИЖИДЕР ХОТПОИНТ, ПОТВРДИ ПОЛИЦИЈАТАБројот на потврдени жртви во пожарот од 14 јуни досега изнесува 79. - Кулата Гренфел во пламен (Фото: Индепендент)

    Катастрофалниот пожар во кулата Гренфел во Лондон почнал од фрижидер Хотпоинт пред да се прошири на запаливиот материјал од фасадата, открија истражителите. Во оваа фаза, нема причина граѓаните да ги исклучат фрижидерите сè додека не заврши истрагата, додаде потпарол на лондонската полиција.

    Сведоци на пожарот од 14 јуни рекоа дека станар им рекол на соседите дека неговиот фрижидер експлодирал додека ги предупредувал за пожарот кој што се ширеше многу брзо низ зградата.
    Детективката Фајона Меккормак од лондонската полицијакажа дека моделот Хотпоинт ФФ175БП не бил досега предмет на повлекување од производителот и дека почнале да работат со производителот.

    Британската влада нареди итна истрага на моделот за да се утврди причината за пожарот и дали се потребни понатамошни мерки.
    Бројот на жртви во пожарот досега изнесува 79, но од полицијата велат дека сè уште утврдуваат кој бил внатре во зградата за време на пожарот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари