ГРАЃАНИТЕ ОД БАЛКАНОТ СЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ЕУ, ПОСЕБНО ОД НЕУСПЕХОТ ДА ОБЕЗБЕДИ ВАКЦИНИ, СЕ ВЕЛИ ВО ИНТЕРЕН ДОКУМЕНТ НА УНИЈАТА

    ГРАЃАНИТЕ ОД БАЛКАНОТ СЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ЕУ, ПОСЕБНО ОД НЕУСПЕХОТ ДА ОБЕЗБЕДИ ВАКЦИНИ, СЕ ВЕЛИ ВО ИНТЕРЕН ДОКУМЕНТ НА УНИЈАТАЕврокомесарот за проширување Оливер Вархеји овој месец во Скопје кажа дека Албанија би можела да почне пристапни преговори со ЕУ пред Македонија. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Европската Унија мора да признае дека балканските држави ја губат вербата во долгата пристапна стратегија на Брисел, што дополнително се влоши со првичниот неуспех да обезбеди вакцини против ковид-19, се вели во внатрешен документ, во кој агенцијата „Ројтерс“ доби увид.

    ЕУ и САД велат дека Албанија, БиХ, Косово, Северна Македонија. Црна Гора и Србија еден ден ќе станат членки на блокот, но Кина и Русија го зголемуваат своето влијание во регионот и го надмудрија Брисел така што побрзо му понудија ковид вакцини.

    „Мора да признаеме дека и покрај постојаната посветеност кон интеграцијата во ЕУ, кај луѓето во регионот се јавува чувство на длабока разочараност од процесот на проширување. Перцепцијата за успорена испорака на вакцини против ковид-19 дополнително придонесе за разочарувањето“, се вели во документот од 5 мај, испратен до министерствата за надворешни работи на сите 27 членки на Унијата.

    По долги години занемарување на регионот, Хрватска во мај 2020 организираше самит на ЕУ, на кој требаше да ѝ се даде нов поттик на интеграцијата на Балканот, при што се очекуваше Македонија и Албанија да почнат пристапни преговори до крајот на годината. Ова беше блокирано од Бугарија, една година откако тоа го направи и Франција.

    Европската комисија инсистира Албанија и Македонија заедно да одат напред, но еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји неодамна во Скопје кажа дека само Албанија би требала да почне пристапни преговори.

    Во документот се вели дека се успорени и пристапните преговори со Србија и Црна Гора, додека БиХ и Косово сè уште немаат добиено статус на кандидат за член.

    „Широкораширена перцепција на Западен Балкан е дека изгледите за пристапување се намалуваат и дека европските инспирации се изгубени под сложен пакет на услови и процедури“, заклучува документот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира