ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ ГИ ЗАТВОРИЈА ЦРКВИТЕ, ОТКАЖАНИ СЕ СИТЕ ВЕНЧАВКИ И КРШТЕВКИ, НА ПОГРЕБ САМО СЕМЕЈСТВОТО

    ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ ГИ ЗАТВОРИЈА ЦРКВИТЕ, ОТКАЖАНИ СЕ СИТЕ ВЕНЧАВКИ И КРШТЕВКИ, НА ПОГРЕБ САМО СЕМЕЈСТВОТОИсклучок од забраната се индивидуалите молитви, под услов да се почитуваат строги правила за изолација. (Фото: Катимерини)

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Твитер напиша дека сите религиозни активности се суспендирани поради епидемијата на коронавирус.

    „Со владина одлука, сите религиозни активности се суспендирани. Црквите ќе останат отворени само за индивидуални молитви. Заштитата на јавното здравје бара јасни одлуки“.

    Неговиот твит доаѓа откако Светиот синод, највисокото тело на Грчката православна црква, одлучи да ги откаже сите активности и ритуали на неодредено, освен неделните миси.

    По сугестиите од политичките лидери и здравствените власти, свештениците одлучија црквите да останат отворени само за приватни молитви, а сите венчавки и крштевки се откажани. Погребите ќе се одржуваат само за најблиските од семејството на починатиот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира