ГРЦИЈА ИМ НУДИ 150 ЕВРА НА ЛИЦАТА ОД 18 ДО 25 ГОДИНИ ЗА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19

    ГРЦИЈА ИМ НУДИ 150 ЕВРА НА ЛИЦАТА ОД 18 ДО 25 ГОДИНИ ЗА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19Припејд картичките ќе ги покриваат трошоците за патување и забава (Фото: Катимерини)

    Грчката влада објави дека ќе им понуди 150 евра на сите лица од 18 до 25 години со цел да ги мотивира да примат барем една доза од вакцината против ковид-19, во обид да ја засили имунизацијата во земјата.

    Премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека овие припејд картички наречени „пропусници за слобода“ ќе ги покриваат трошоците за патување и забава, како авионски карти, концерти, кино, театар, музеи и археолошки локалитети.

    Презентирајќи ја картичката пред министрите, Мицотакис изјави дека е свесен за цената што долготрајната пандемија го оставила врз друштвениот живот на луѓето.

    „Ова е долг кон нашата младина, подарок за благодарноста, особено во пресрет на летото. Ова е благодарам за вашето трпение и истрајност. Во исто време, ова е поттик младите да се вакцинираат. Колку се позаштитени, толку повеќе ќе го ограничиме ширењето на вирусот“, изјави Мицотакис.

    Картичките ќе бидат достапни до крајот на јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира