ГРЦИЈА ЌЕ ИМ ГО ПЛАТИ СМЕСТУВАЊЕТО НА ТУРИСТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАРАЗАТ СО КОРОНАВИРУС

    ГРЦИЈА ЌЕ ИМ ГО ПЛАТИ СМЕСТУВАЊЕТО НА ТУРИСТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАРАЗАТ СО КОРОНАВИРУСГрција ќе почне да прима странски туристи од 15 јуни (Фото: Екатимерини)

    Грција ќе им го плати сместувањето на сите туристи кои ќе се заразат со коронавирус додека престојуваат во земјата, соопшти портпаролот на владата Стелиос Пецас.

    „Ова сме го правеле во минатото и ќе продолжиме да го правиме. Очекуваме многу малку случаи, ако воопшто ги има, бидејќи значително се подобрува епидемиолошката слика во европските земји од каде што ги очекуваме туристите. Нашата цел е да им обезбедиме максимална безбедност на гостите и локалните жители“, изјави Пецас.

    Тој не кажа дали Грција ќе ги покрие и трошоците за храна и лекови на заразените туристи, како што најави Кипар.

    Грција ќе почне да прима странски туристи на 15 јуни и Македонија се наоѓа на листата од 29 земји на чии државјани ќе им биде дозволен влез, без да мора да одат во карантин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира