ГРУПАТА ИСИС-ХОРАСАН СЕ ПОЈАВИ ВО 2015, А РУСИЈА Ѝ СТАНА МЕТА ОТКАКО ПУТИН СЕ ВМЕША ВО ВОЈНАТА ВО СИРИЈА

    ГРУПАТА ИСИС-ХОРАСАН СЕ ПОЈАВИ ВО 2015, А РУСИЈА Ѝ СТАНА МЕТА ОТКАКО ПУТИН СЕ ВМЕША ВО ВОЈНАТА ВО СИРИЈААвганистанското крило на Исламска држава, познато како ИСИС-Корасан, ја презеде одговорноста за синоќешниот напад близу Москва (Фото: ЕПА)

    Белата куќа потврди дека во почетокот на март ги предупредила руските власти за можен напад на големи собири во Москва.

    Во почетокот на овој месец американската влада имаше информација дека се планира терористички напад во Москва, чија мета би биле големи собири, како концерти. Вашингтон ја сподели оваа информација со руските власти“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон.

    Американската амбасада во Москва на 8 март и официјално издаде вакво предупредување, што Кремљ го отфрли како пропаганда и обид за мешање во претстојните претседателски избори во Русија.

    Авганистанското крило на Исламска држава, познато како ИСИС-Хорасан, ја презеде одговорноста за синоќешниот напад близу Москва, во кој се убиени најмалку 60 луѓе. Тоа не би бил прв напад на ИС на територијата на Русија: во бомбашкиот напад во метрото во Санкт Петербург во 2017 загинаа 15, а беа ранети 45 луѓе.

    ИСИС-К е формирана во 2015 од незадоволни припадници на пакистанското талибанско движење, кои потоа прифатија понасилна верзија на исламот. Оваа група немала повеќе од 2.000 членови до 2021, но добила нов голем замав откако талибанците ја соборија авганистанската влада, а западните сили се повлекоа од земјата. Сепак, талибанските безбедносни сили досега успеваа да ја спречат групата да заземе територии и да регрутира голем број талибански борци во своите редови.

    ИСИС-К пронајде сигурно прибежиште во Авганистан, додека продолжува да ја шири својата мрежа во и надвор од земјата. Таа повика и на глобални напади“, кажа заповедникот на Централната команда на американската војска Мајкл Курила.

    Русија стана една од метите на исламистичките екстремисти откако Путин се вмеша во војната во Сирија, поддржувајќи го лидерот Башир ал-Асад.

    ИСИС-Корасан беше фиксирана на Русија во последните две години и постојано го критикуваше Путин во нејзината пропаганда“, изјави аналитичарот Колин Кларк од центарот „Суфан“.

    Руската Федерална безбедносна служба објави дека на 7 март спречила напад врз синагога во Москва, планиран од ќелија на Исламска држава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира