ХАКИРАНИ СТОТИЦИ ГЕРМАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ, МЕЃУ НИВ И МЕРКЕЛ

    ХАКИРАНИ СТОТИЦИ ГЕРМАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ, МЕЃУ НИВ И МЕРКЕЛЗасега е нејасно кој стои зад хакерскиот напад. - Германскиот Бундестаг (Фото: Бундестаг)

    Стотици германски политичари, вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел, се жртви на голем хакерски напад и нивните лични податоци беа објавени на интернет. Објавени на Твитер беа контакти, приватни разговори и финансиски детали кои припаѓаат политичари од сите партии со исклучок на десничарската АФД. Изгледа и дека се објавени податоци на славни личности и новинари. Засега е нејасно кој стои зад хакерскиот напад.

    Не е познат ниту обемот на хакерскиот напад, за кој министерката за правда Катарина Барли рече дека станува збор за сериозен напад.

    Иако не се објавени политички чувствителни документи, се верува дека последиците од истекувањето на личните податоци ќе бидат значителни, вели новинарот Михаел Геченберг, кој го истражува хакерскиот напад.

    Профилот на Твитер, кој ги објави податоците, има 17 илјади следбеници и е поврзан со интернет платформа од Хамбург. Меѓу погодените од хакерскиот напад е и канцеларката Меркел. Нејзе ѝ беа објавени и-мејл адресата и неколку писма. Објавени беа приватни разговори и детали од кредитните картички на пратеници од владејачките партии ЦДУ и СПД, како и на пратеници од Зелените, Дие Линке и ФДП. Исклучок се само пратеници од АФД.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира